Македонија

Дисциплинска постапка за тројца јавни обвинители

16.08.2022 15:23

Јавниот обвинител донесе решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка...

Јавниот обвинител денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка, со што сториле тешка дисциплинска повреда од Законот за јавното обвинителство.

Во исто време, Јавниот обвинител донесе решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител.​