Македонија
Обвинителството отвори предмет за пропусти при регистрација на здружение
16.08.2022 15:28
Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација...

Основното јавно обвинителство Охрид по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на здружението на граѓани „Цар Борис Трети“.
Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение, информираат од Обвинителството.
