Робот служи храна во ресторан во САД
Јапонски робот служи храна во ресторан во САД. Вака угостителите во Мисури го надминуваат недостигот на персонал по пандемијата кога се вратија клиентите. Роботот зборува и пее, а и им посакува среќен роденден на посетителите...

Робот помага во ресторан во Мисури кога има недостиг од персонал. Бидејќи побарувачката расте по пандемијата, некои сопственици на ресторани се свртуваат кон необичен извор за да му помогнат на својот персонал. Во два локални ресторана во Канзас Сити, можеби ќе видите робот кој ќе ја носи вашата храна следниот пат кога ќе вечерате надвор.
„Особено кога сме навистина зафатени или кога имаме многу голема маса, роботот ни помага“, вели Арчер Рајт, келнер.
Во ресторанот Сајачи Суши, пристигнувањето на роботот сервер се најавува со фразата: „Еве го роботот!“- тонот е љубезен, но разигран.
„Вашиот оброк е подготвен со голема брзина“- вели роботот Тоторо.
„Тоа е гласот на лифтот во Јапонија“, додава Натан Рајдинг, клиент.
Косопственикот на Сајачи Суши, Карлос Фалкон, го нарече роботот Тоторо, по јапонски анимиран детски филм. Многу брзо стана популарен меѓу посетителите.
„Понекогаш луѓето се јавуваат и прашуваат: „Дали роботот работи денеска?“ А ние сме како: „Па, роботот нема слободен ден.“ Од перспектива на работодавецот, тоа е најдоброто нешто, знаете. Нема драма, нема боледувања“, вели Сајака Фалкон- косопственик на ресторан.
Со четири послужавници, Toторо може да носи повеќе храна.
Серверите обично се само чекори зад Toторо за да ја отстранат храната од послужавниците, за да им помогнат на клиентите да идентификуваат што е во нивното мени и да обезбедат квалитетна услуга.
„Јас сум целосно опседнат со него. Посакувам да имам Тоторо дома. Тој има прекрасен квалитет. Многу е сличен на човекот. Пољубезен е од некои луѓе што ги познавам“, вели Мади Полетис, клиент.
Тоторо свири мелодија додека е на пат. Може да пее „среќен роденден“, но моментално е поставен на мелодија на тастатурата за да биде ненаметлив. Клиентите забележаа дека звукот е интересен, но исто така, влијае како предупредување за серверите да не му стојат на патот. Ако му застанете на патот на Тоторо, неговите сензори знаат како да ве заобиколи. Но, ако не му се иставите од патот, тој ќе проговори:
„Извини. Морам да одам таму.“
Неговата трета забелешка почнува со учтивост, па се до молење:
„Не блокирај ми го патот. Ве молам. Морам да работам. Во спротивно, ќе добијам отказ.“
Една предност на користењето на роботот Тоторо е што неговата набавка е поевтина отколку платите за четворица келнери. Ова е иднината што веќе почна во Мисури.
Ирина Гелевска
