Бејл – новата надеж за Реал!

16.04.2014 15:13

Кога и да истрчаат на теренот, Реал Мадрид и Барселона го привлекуваат вниманието на целиот фудбалски свет. Вечерашното „Ел Класико“ е 227-мо по ред, а ќе решава за титулата во шпанскиот куп.

Кога и да истрчаат на теренот, Реал Мадрид и Барселона го привлекуваат вниманието на целиот фудбалски свет. Вечерашното „Ел Класико“ е 227-мо по ред, а ќе решава за титулата во шпанскиот куп.

На „Месталја“ ќе го нема повредениот Кристијано Роналдо што значи дека ќе се зголеми притисокот за Герет Бејл, вториот најскап играч во кралскиот клуб. Платата од десет милиони евра се чини дека никогаш досега не го исфрлила во преден план Велшанецот како што тоа ќе биде вечерва. Во модерниот фудбал бројките понекогаш сами посочуваат каде е најтешкиот товар. Бејл нема пехар откако е во Шпанија, па вечерашниот дуел со Барса му овозможува мотив повеќе долго да се сеќава на натпреварот во Валенсија. Бејл сезонава за Реал има 19 гола и 16 асистенции што е одличен ефект за деби сезона. Но ќе може ли Велшанецот да испорача, не зависи само од него, туку и од соиграчите, а се разбира и од фудбалерите на Барселона. Иако за нив нема да настапи Пике, а без него одбраната се покажа несигурна против Атлетико во Лигата на шампионите, неговото отсуство не може да се мери со хендикепот што го има Реал со повредата на Кристијано Роналдо.

Барселона е рекордер во Купот на кралот со 26 пехари од 36 финални средби. Реал 38 пати досега настапи во финалните мечеви, но има негативен биланс – 18 победи и 20 порази. Сеедно, каков и да е епилогот вечерва, сигурно е дека и ова „Ел Класико“ ќе влезе во позначајните сегменти од светската фудбалска историја.