Силно невреме во Неготино, предизвикана голема материјална штета
Без покрив останале неколку куќи во населбата Саат кула и на други локации во градот, неколку и во селото Тимјаник.
Силното невреме со вртлог кое попладнево му се случи на Неготино предизвика тешки последици. Траело само дваесетина минути. Било со огромна јачина и со себе носело делови од кровни конструкции, дрвја, бандери со ниско напонски дел и жици. Уништени и однесени биле лимени и пластични конструкции.
Без покрив останале неколку куќи во населбата Саат кула и на други локации во градот, неколку и во селото Тимјаник. Неготинските пожарникари и комунални работници, заедно со кавадаречки пожарникари кои пристигнале на помош, ги средуваат последиците од паднатите дрвја на неколку локации во општината.
Градоначалникот Горан Стојанов за утре најави формирање на Комисија за проценка на штети со цел обесштетување на сите оние кои имаат последици од невремето.
