Брисел

Утре продолжува дијалогот Косово- Србија

17.08.2022 09:02

Пред да седнат на маса, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе имаат одвоени средби со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг...

По повеќе од една година утре во Брисел продолжуваат разговорите во рамките на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Пред да седнат на маса, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе имаат одвоени средби со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Пред најавената средба, Курти изјави дека разговорот мора да се фокусира на меѓусебното признавање и рече дека не сака да разговара за спорот за регистарските таблички и личните карти на Србите на Косово.

За српскиот претседател, пак клучно во дијалогот е да се донесе одлука за спроведување на договорот за заедницата на српските општини во Косово.

Средбата во Брисел доаѓа во време на зголемени тензии на Косово.