Подобра инфраструктура за поголема соработка меѓу македонските и бугарските бизнисмени
Трговската размена на Македонија со Бугарија во 2013-тата година изнесувала 690,7 милиони американски долари, споредено со 2012- тата нема големи отстапувања...

Подобрување на инфраструктурата и на намалување на трошоците се клучен фактор за зголемување на соработката меѓу македонските и бугарските бизнисмени со цел создавање балкански заеднички производ кој би бил конкурентен на третите пазари, велат од Македонско- бугарската стопанска комора.
„За подобрување на бизнисот не се потребни граничните бариери и застој на стоката“, вели Зоре Темелковски, претседател на Македонско- бугарската стопанска комора.
Трговската размена на Македонија со Бугарија во 2013-тата година изнесувала 690,7 милиони американски долари, споредено со 2012- тата нема големи отстапувања. Трговскиот дефицит е 40,6 милиони американски долари.
„Македонија има стратешки интерес за поинтензивно развивање на стопанството и трговската соработка со Бугарија“, вели Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.
Бугарија е шеста по ред во трговската соработка. Бизнисмените велат дека има место за зголемување на соработката.
Дијана Ценевска
