Украина

Продолжува неизвесноста околу „Запорожје“

17.08.2022 09:36

Руските сили го бомбардираа Николаев. Украинските власти тврдат дека се погодени цивилни и станбени објекти. Ракетирана е и околината на Одеса.

Граната експлодираше на десетина метри од контејнер со нуклеарен отпад во Запорожје за време на украинското гранатирање на областа- изјави член на управата на регионот.

Тој вели дека опасноста да се ослободат стотици тони нуклеарен отпад е голема и дека тоа би било валкана атомска бомба.

Руските сили го бомбардираа Николаев. Украинските власти тврдат дека се погодени цивилни и станбени објекти. Ракетирана е и околината на Одеса.

Погоден е рекреативен центар по што избил пожар, а три лица се повредени. Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш утре во псета на Лавов каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Зеленски и турскиот претседател Ердоган.

Во меѓувреме првиот брод со жито пристигна во Сирија.