Свет
Северна Кореја истрела две крстаречки ракети
17.08.2022 10:27
Воени претставници од Јужна Кореја и САД го анализираат лансирањето за дополнителни детали...

Северна Кореја истрела две крстаречки ракети од крајбрежниот град Ончон во водите во близина на нејзиниот западен брег-тврди јужнокорејското министерство за одбрана.
Воени претставници од Јужна Кореја и САД го анализираат лансирањето за дополнителни детали.
Ова е 18-то лансирање годинава, последното се случи на 5-ти јуни кога беа истрелани осум балистички ракети со краток дострел.
