Европа
Продолжува борбата со шумските пожари во Португалија и Шпанија
17.08.2022 11:08
Пламенот веќе зафати околу 15 илјади хектари шума, а силниот ветер доплнително ја усложнува ситуацијата.

Повторно се разгоре огнот кој минатата недела беше ставен под контрола во националниот парк „Сера да Естрела“ во Португалија. На терен се повеќе од илјада пожарникари. Се гаси и од воздух.
Пламенот веќе зафати околу 15 илјади хектари шума, а силниот ветер доплнително ја усложнува ситуацијата.
Гори и во соседна Шпанија. Три лица се тешко повредени откако нивниот воз бил зафатен од шумскиот пожар.
