МВР

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведено едно лице

17.08.2022 11:36

При претрeс извршен со судска наредба во неговиот дом во Тетово била пронајдена марихуана.

Вчера во 11.20 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец Н.К. При претрeс извршен со судска наредба во неговиот дом во Тетово била пронајдена марихуана.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок, информираат од МВР.