Јадранска лига – кошарка

На ред е Игокеа

22.11.2013 16:31

Недоволното искуство од играње тешки натпревари на два фронта, екипата на МЗТ Скопје го плаќа со порази, но и со серија повреди. Со биланс од три победи и пет порази металците утре ќе го пречекаат полуфиналистот од минатата сезона во Јадранската лига Игокеа. Почетокот на мечот е во 19 часот, а преносот ќе биде на првиот програмски сервис на Македонската телевизија.

„Сигурно дека Игокеа својата стратегија и тактика ќе ги гради на своите квалитети иако ќе гледа што се случува во нашиот двор. Тоа не можеме да им го забраниме. Ако имаме проблеми, можеме само на нагаѓаме како ќе играат, дали со притисок врв плејмејкерот, дали со спуштање на топката под кош или со нешто друго. Игокеа имаше лош почеток на сезоната, заменија петмина играчи, донесоа тројца нови, тоа е веќе сосема нов тим којшто има биланс 5-3. Добар состав којшто ќе сака да ги искористи нашите проблеми, но јас се надевам дека ќе најдеме сила и квалитет. Верувам дека со малку подобра игра и со повеќе среќа, евентуално и со враќањето на Оташевиќ би можеле да изгледаме поинаку што би требало да биде доволно за победа над Игокеа“, рече тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Влада Вукоичиќ.

Драган Николовски