6 милиони евра кредити од ЕБОР за малите и средни фирми
танува збор за два кредита од по 3 милиони евра за финансирање на проекти за подобрување на енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија...

Европската банка за обнова и развој преку Тутунска банка пласираше шест милиони евра за поддршка на малите и средни фирми. Станува збор за два кредита од по 3 милиони евра за финансирање на проекти за подобрување на енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија како и за усогасувањето со европските стандарди во делот на безбедноста при работа, животната средина.
„Со континуирана кредитна поддршка која што ЕБОР ја обезбедува на Тутунска банка, банкара успешно ја одржува својата позиција на промотор и поддржувач на растот на компаниите преку конкурентна кредитна понуда прилагодена на актуелните потреби на пазарот“, изјави Ѓорѓи Јанчовски, претседател на управниот одбор на НЛБ Тутунска банка.
Парите од двете кредитни линии можат да се користат во рок од пет гдоини со грејс период од две години. Двете линии се поддржани со грант на ЕУ наменети за подготовка и имплементација на проектите.
„ЕБОР е воодушевен што ќе ја прошири сорабнотката на Тутунска банка. Соработката е понатаму проширенапреку кредитот од PSSF кј веруваме дека ќе биде од голема корист на клиентите на Тутунска банка“, рече Анка Јоана Јонеску, претставник на ЕБОР за Македонија.
Преку 80 проекти, ЕБОР досега во земјава инвестираше над една милијарда евра.
Соња Јованова- Наумовска
