МНР

Комеморација за поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева

17.08.2022 12:21

Беше храбра жена која не се плашеше од предизвиците, бескрајно ја сакаше својата татковина и не се штедеше да се бори за неа – колегите од министерството за надворешни се простија од поранешната министерка Илинка Митревска. Денеска се одржа комеморацијата…

Илинка Митрева беше прва и единствена жена министер за надворешни работи и прв министер во два мандати, во кој оствари неколку големи стратешки цели на нашата дипломатија. Беше храбра жена која не се плашеше од предизвиците, рече министерот Османи на комеморацијата.

Митрева бескрајно ја сакаше својата татковина и не се штедеше да се бори за неа. Беше достоинствена, а не арогантна, борбена, но фер играч, жена која гледаше подалеку од другите, рече нејзината шефица на кабинет, Санта Аргирова.

Комотно е да се води надворешната политика од кабинет, но тогаш вратите кои денес ѝ се отворени на Република Македонија ќе останеа затворени, велеше Митрева. Поранешната шефица на македонската дипломатија почина на 31-ви јули, на 72 годишна возраст.

Александра Спировска