Евроинтеграции

Маричиќ: Препораките од комисијата ќе се спроведат реципрочно во рок од две години

17.08.2022 12:27

Препораките од македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања ќе се спроведат реципрочно во рок од две години, информира вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ. Уверува дека не се загрозуваат нашите интереси и оти македонската страна нема да преземе еднострани чекори…

Препораките на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања ќе се спроведуваат врз принципот на реципроцитет, истовремено и од двете влади во рок од две години, вели првиот човек за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Тој уверува дека не се загрозени нашите интереси и оти нема да се преземаат еднострани чекори само од македонска страна.

Маричиќ смета дека има доволно време до крајот на скринингот да се направат уставните измени за внесување на Бугарите. Убеден е дека платформата којашто ќе ја понуди владејачката коалиција ќе биде прифатлива и за пратениците од опозицијата.

По летните одмори ќе почне обука на администрацијата за преговорите со ЕУ за првиот кластер поглавја, „Темелни вредности“.

За приближување кон европските стандарди ќе помогнат одобрените средства од Европската унија од над 500 милиони евра за периодот до 2027-ма година.

Ирина Гелевска