Македонија
Спасовски: Од 1-ви јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат
17.08.2022 12:37
Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање на лична карта и пасош.

Од 1-ви јануари Уверението за државјанство ќе може да се издава и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса.
Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање на лична карта и пасош.
Министерот за внатрешни работи Спасовски на својот Фејсбук профил информира дека се усвоени законските измени за целосна дигитализација на процесите со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи.
