Здравство

521 нов ковид- случај, починати три лица

17.08.2022 14:02

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на Ковид-19 во: Скопје – 201, Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес – 19, Кочани – 17, Штип и Гевгелија – по 13, Прилеп, Тетово  и Струмица – по 12, Ресен – 11, Струга и Делчево – по 10, Неготино – 9, Гостивар – 8, Кичево и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Свети Николе и Виница – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции. Регистрирани сe 485 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г).  Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин е регистрирано едно починато лице од Кичево (74г), починато во болнички услови. Лицето е пријавено за починато на 05.08.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на Ковид-19.