РЕК Битола и РЕК Осломеј со 40 проценти зголемено производство
Зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите, соопштуваат од ЕСМ.
РЕК Битола и РЕК Осломеј произведоа приближно 40% повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани.
Зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите, соопштуваат од ЕСМ.
Во истиот период, постигнато е намалување на потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25% и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за наредниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија, велат од ЕСМ.
Оттаму ги поздравуваат владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија и сметаат дека истите ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети.
