Современа технологија за превенција и рано предупредување од шумски пожари
Со современа инфроматичка технологија ќе се следи, проценува ризикот и оперативно ќе се координираат екипите при шумски пожари...

Денеска заврши спроведувањето на Проектот за воспоставување на интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари. Според експертите ова е еден од најважните проекти, кој има најдобар систем во светот.
Проектот започна во соработка со Јапонската меѓународна агенција во 2011 година. Ова е една од повеќето иницијативи на институциите за зајакнување на националните капацитети, за превенција и рано предупредување за шумски пожари.
„Овој проект е многу важен за граѓаните и државата во целост, од аспект на превенција и рано предупредување“, смета Зулфи Адили, Директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Станува збор за еден проект чиј резултат е промоцијата на денешниот систем кој има солидна основа за проценка на ризикот од шумски пожари и оперативна координација во случај на справување со ризикот од шумски пожар“, вели Стевко Стефаноски, раководител на Проектот.
МКФФИС е најдобар систем од ваков вид во светот. Канада и Јапонија го имаат имплементирано истиот систем,но кај нив тој е нецелосен.
„МКФФИС ги содржи сите четири карти на ризици“, вели Еишо Сато, раководител на Проектот од Јапонија.
Со овој проект ЦУК ќе може во целост да го искористи овој систем и да продолжи понатаму со неговата работа.
Јасмина Никова
