Фестивал на филмска камера

В петок почнува „Браќа Манаки“

17.08.2022 14:24

Под мотото „Реалноста не е доволна“, в петок ќе биде отворено 43-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Годинешново издание ќе трае два дена повеќе од вообичаеното, а бројот на филмови и гости е за три пати поголем. Поради објективни технички процедури наместо филмот „Раката на Господ“, фестивалот ќе го отвори филмот „Мајка и син“.

Освен што годинешново издание е со променет термин и за прв пат е во рамките на „Битфест“, има уште неколку новини што имаат поголемо значење од минатите изданија, вели директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски. Има две фестивалски вечери повеќе, а по број на филмови и гости е за три пати пообемен. Од петте најсилни светски асоцијации на кинематографери најавени се гости од четири меѓу кои и ѕвездите на 43-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

На фестивалот ќе бидат прикажани 62 филмови од најразлични жанрови од кои 14 се во официјална конкуренција. Организаторите денеска соопштија дека поради објективни технички причини, фестивалот ќе го отвори филмот „Мајка и син“, наместо првично најавениот „Раката на Господ“.

Своевидно освежување надвор од киносалите се очекува да донесе и оф-програмата.

Овогодишното мото на фестивалот е „Реалноста не е доволна“. Организаторите велат, мора да создаваме повеќе убавина преку филмовите и уметноста.

Стевче Митревски