Димитров: Институциите ќе бидат принудени да штедат струја, но за домаќинствата тоа не е можно
Институциите ќе бидат принудени да штедат струја, но за домаќинствата тоа не е можно – анализира професорот Константин Димитров, бидејќи како што вели, граѓаните и сега трошат помалку електрична енергија за да плаќаат пониски сметки. Димитров предлага Владата да ги субвенционира домаќинствата што сами ќе произведуваат електрична енергија и да ја олесни постапката за добивање дозвола за поставување сончеви колектори…

Институциите ќе бидат принудени да штедат струја, но за домаќинствата тоа не е можно – анализира професорот Константин Димитров, бидејќи како што вели граѓаните и сега трошат помалку електрична енергија за да плаќаат пониски сметки. Иако надлежните смируваат дека струја ќе има доволно во екот на грејната сезона, дел од експертите стравуваат од проблеми.
Димитров предлага Владата да ја олесни постапката за добивање дозвола за поставување сончеви колектори и да ги субвенционира домаќинствата што сами ќе произведуваат струја. Но, додека оваа зелената опција не стане реалност за повеќето од нас, Владата препорачува потрошувачката на струја да се сведе на минимум. Дел од граѓаните веќе си поставиле рестрикции, додека други велат – штедење не е можно.
Процените на надлежните се дека земјава нема да се соочи со рестрикции и покрај енергетската криза во светот.
Почнувајќи од први септември државните институции ќе имаат обврска да штедат по најмалку 15% струја месечно, споредбено со истиот период лани. За граѓаните нема задолженија, но има листа со препораки како да трошат помалку струја, а со тоа да имаат и помали сметки.
Анита Димитријевска Велковска
