Свет

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

17.08.2022 19:12

Во 92 земји и територии во светот се регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус...

Во 92 земји и територии во светот се регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус.

Гебреисус истакна дека минатата недела се пријавени близу 7.500 случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела.