Нови 100 додипломци и магистри на филолошките науки

16.04.2014 16:11

Новите високо образовани кадри, знаењето го црпеле од 21 катедра на првиот, и на 6 катедри од вториот циклус на студии...

100 додипломци и магистри ги добија своите дипломи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Новите високо образовани кадри, знаењето го црпеле од 21 катедра на првиот, и на 6 катедри од вториот циклус на студии.

„Се надевам дека и оваа група дипломирани студенти ќе го следат примерот на претходните генерации, и ќе продолжат да го надоградуваат сопственото знаење, следејќи ги принципите на иновативност и креативност“, рече Славица Велева, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Младите преведувачи и толкувачи ќе можат да работат во четирите современи лаборатории за симулација на конференции и за изведување мултимедијална настава.

„Студентите кои ќе дипломираат и магистрираат на Филолошкиот факултет ќе имаат стандардизирани лиценци, со што ќе имаат можност да бидат соодветни преведувачи на разновидна литература во земјите од Европската Унија“, изјави министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Од неговото основање во 1946 година, на Филолошкиот факултет дипломирале 15.200 студенти.

 

Роберт Димковски