Свет

Кабул: Жртви во експлозија во џамија

18.08.2022 09:49

Засега е непознат извршителот на нападот кој се случува недела по убиството на влијателен талибански свештеник за кој одговорност презеде Исламска држава.

Се зголемува бројот на жртви во експлозијата во џамијата во Кабул. Десетици се загинати и повредени за време на вечерната молитва во северозападниот дел на авганистанската престолнина.

Меѓу нив е и имамот на џамијата на Сидиките. Засега е непознат извршителот на нападот кој се случува недела по убиството на влијателен талибански свештеник за кој одговорност презеде Исламска држава.