КОСОВО

Курти: Ќе се откажеме од документите, доколку Србија го стори истото

18.08.2022 09:57

Во Брисел средби со српскиот претседател Вучиќ во нов обид за надминување на разликите околу косовското прашање...

Косовскиот премиер Албин Курти не ја исклучи можноста косовската Влада да се откаже од издавањето привремени документи за српските државјани доколку од тоа се откаже и официјален Белград.

Мерката е најавена за први септември откако беше одложена за 30 дена под дипломатски притисок.

Во Брисел средби со српскиот претседател Вучиќ во нов обид за надминување на разликите околу косовското прашање. И ЕУ и НАТО очекуваат конструктивен дијалог.