Честитка од претседателот Џафери по повод Денот на армијата
Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите, затоа граѓаните имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на армијата, вели Џафери во честитката...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод Денот на армијата. Во овие 30 години припадниците на Армијата несебично се посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Република Северна Македонија и секојдневно придонесуваат во безбедноста и стабилноста на државата.
Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите, затоа граѓаните имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на армијата.
Подготвеноста и посветеноста на нашата Армија ги препозна и светот, преку рамноправното учество на нашите војници во меѓународните мировни мисии, успешната меѓународна соработка на армијата во време на бегалската криза, па се до нашето полноправно членство во НАТО во 2020 година, со што Армијата официјално го доби заслуженото место на активен чувар на светскиот мир, се вели во честитката на Џафери.
