Партии
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски бегаат од избори и соочување со народот
18.08.2022 11:01
Јасно е дека СДСМ нема пратеници за уставни измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ и Ковачевски немаат доволно пратеници за уставни измени и затоа не сакаат да ја постават на дневен ред во Собранието точката за отпочнување на процесот. Тоа е веќе јасно, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дела се свесни ако се постави и одбие, тогаш следниот чекор се предвремени парламентарни избори, а СДСМ и Ковачевски бегаат од избори и соочување со народот како ѓавол од темјан.
Рејтингот на Ковачевски е во рамки на статистичка грешка, а рејтингот на СДСМ е во слободен пат и тие тоа го знаат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
