Фудбал - СП Бразил 2014

Мундијалските влезници речиси „разграбани“!

16.04.2014 16:14

Во последната фаза, ФИФА преку својата интернет страница пушти во продажба околу 200 илјади влезници коишто биле купени за околу пет часа...

И оние условно малку или две третини од билетите за Светското првенство во фудбал што се појавија во слободна продажба се речиси продадени. Во последната фаза, ФИФА преку својата интернет страница пушти во продажба околу 200 илјади влезници коишто биле купени за околу пет часа. Останаа билети за само 20 од 46 натпревари, но за оние кадешто играат репрезентации без или со мала мундијалска традиција како што е дуелот Босна и Херцеговина - Иран што ќе се одигра во Салвадор. За десет натпревари влезниците беа уште претходно разграбани.

Малата бројка билети достапни „он - лајн“ се должи на податокот дека ФИФА на националните фудбалски федерации чиишто реперзенатции ќе настапат во Бразил им додели 2,3 милиони од вкупно 3,3 милиони билети.

20-то Светско првенство во фудбал ќе се одржи во Бразил од 12 јуни до 13 јули оваа година со ексклузивни преноси на Македонската телевизија.