Партии

СДСМ: Избори ќе има во 2024 година и на тие ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

18.08.2022 11:06

Оттаму додаваат- може Мицкоски да бара референдум, да бара предвремени избори, ништо не го менува фактот дека неговите блокади и деструкции се поразени.

Откако им пропаднаа сите обиди за блокада и дестабилизација на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното однесување на штета на граѓаните, реагираат од СДСМ.

Оттаму додаваат- може Мицкоски да бара референдум, да бара предвремени избори, ништо не го менува фактот дека неговите блокади и деструкции се поразени.

Парламентарни избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин и на тие избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе изгубат, затоа што нивните деструктивни политики немаат поддршка од граѓаните, соопштуваат од СДСМ.