ВАШИНГТОН

САД ќе почнат трговски преговори со Тајван

18.08.2022 11:08

Вашингтон нема официјални односи со Тајван, но одржува контакти преку Американскиот институт во земјата.

Американската влада најави дека ќе почне преговори со Тајван за склучување трговски договор. Одлуката следува откако Пекинг спроведе воени вежби околу островот во обид да се заплаши владата на Тајпеј по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД Пелоси.

Вашингтон нема официјални односи со Тајван, но одржува контакти преку Американскиот институт во земјата.

Со федералниот закон, САД се обврзани да му обезбедат одбрана на островот.