Поднесени се над 50 барања за процена на штети од невремето во Неготино
Комисијата продолжува со работа и во наредните денови и сите граѓани можат да поднесат барање за процена на штети, соопштија надлежните од општината.

За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го погоди Неготино.
Од општината информираат дека биле предизвикани големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини. Со цел за подетално утврдување на фактичката состојба на терен и настанатите штети, општина Неготино формираше комисија која со работа почна и за само еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети.
Комисијата продолжува со работа и во наредните денови и сите граѓани можат да поднесат барање за процена на штети, соопштија надлежните од општината.
По прибирањето на сите барања, членовите на комисијата ќе излезат на терен и ќе извршат соодветна процена на пријавените штети.
