Македонија

Подобрена транспарентноста на институциите

18.08.2022 11:50

Годинава 81 процент од институциите ја подобриле транспарентноста. Истражувањето покажува дека транспарентноста на министерствата и владата изнесува 85%, а на општините 70%.

Просечната активна транспарентност на министерствата, владата и на општините годинава изнесува 73 насто. Во однос на лани активната транспарентност е подобрена за 10 проценти, покажува Индексот на активна транспарентност.

Годинава 81 процент од институциите ја подобриле транспарентноста. Истражувањето покажува дека транспарентноста на министерствата и владата изнесува 85%, а на општините 70%.

Две институции, министерството за одбрана и владата имаат по максимални 100%, односно ги објавуваат сите предвидени информации од активната транспарентност. Три општини се наоѓаат на третата позиција, со високи 97% исполнетост на обврските за објавување информации и се воедно лидери меѓу општините Битола, Валандово и Карпош.

Најмалку информации објавуваа министерствата за финансиите. На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, општините одговориле во просек за 12 дена, а министерствата одговориле за 16 дена.

93% од институциите одговориле во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена, покажува Индексот на активната транспарентност.