Македонија

Општина Охрид ќе ја преземе организацијата на пливачкиот маратон

18.08.2022 12:20

Не можам да сфатам како е можно да се доведовме во оваа состојба, сè да помине со едно штуро соопштение од претседателот на државата во кое се вели дека маратонот нема да се одржи поради блокирана сметка на пливачката федерација, рече Пецаков.

Ќе направиме сè што е во наша моќ оваа година да го организираме Охридскиот пливачки маратон за оваа традиција да не згасне. Ова по координативниот состанок со претставниците на пливачките клубови од Охрид го изјави градоначалникот Кирил Пецаков.

Не можам да сфатам како е можно да се доведовме во оваа состојба, сè да помине со едно штуро соопштение од претседателот на државата во кое се вели дека маратонот нема да се одржи поради блокирана сметка на пливачката федерација, рече Пецаков.

Најголем проблем ќе биде да се обезбедат пливачи, бидејќи поканите се испраќаат еден месец однапред, а ние ги испративме вчера. Има одговори, но тие прашуваат дали ќе има награден фонд, бидејќи во изминатите две-три години наградите не се исплаќале.

Сашо Нелоски