Македонија
Утре отворен ден на УКИМ
18.08.2022 12:30
Идните студенти ќе можат да добијат информација и за можностите за стипендирање, за научно-истражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена...

Утре на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје од 10 до 14 часот ќе се одржи отворен ден за идните студенти. Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите и центрите за кариера.
Идните студенти ќе можат да добијат информација и за можностите за стипендирање, за научно-истражувачките проекти, за можностите за меѓународна размена како и за практикантството и кариерните можности.
