Македонија

ДКСК не најде корупција во ковид- тендерите

18.08.2022 12:51

Антикорупционерите не можеа да утврдат дека набавките во време на ковид-пандемијата може да се поврзани со коруптивно постапување, но предупредија дека се работи за системски слабости на законите. Комисијата утврди дека во ниту еден закон не се предвидени посебни постапки во време на вонредни состојби…

Антикорупционерите не можеа да утврдат дека набавките во време на ковид пандемијата може да се поврзат со коруптивно постапување или да се квалификуваат како злоупотреби на службена положба, но предупредија дека се работи за системски слабости на законите како и за неспособноста на државните органи пред сè на Владата и Министерството за здравство да воспостават систем на ефикасни јавни набавки за време на посебни услови.

Комисијата утврди дека во ниту еден закон не се предвидени посебни постапки или утврдени одговорности на државни органи за време на вакви вонредни состојби. Постојниот закон за вонредни набавки предвидува механизам на централизирани јавни набавки преку одредено тело кој не беше искористен во условите на вонредна состојба.

Во јавните набавки проблематична е појавата на ангажирање надворешни фирми, правни лица од договорните органи за спроведување на јавните набавки, при што не станува збор за ангажирање на експерти за подготовка на техничка спецификација, при што се нема увид кои фирми се ангажирани на кој начин се поврзани со договорните органи, дали се поврзани со економските оператори што ги добиваат тие договори.

Сето ова претставува висок ризик од корупција и тоа треба да се менува, заедно со зрелоста на лицата кои се поставуваат или се вработуваат во институциите, сметаат од Комисијата.

Антикорупционерите ќе ја достават пријавата и целокупните материјали за случајот со патувањата на раководителот на Службата за општи и заеднички работи и особено оние за кои налозите си ги потпишуваат самите одговорни лица бидејќи се работи за висок ризик за злоупотреби. Тоа, велат, се коси со етичкиот кодекс за членовите на Владата особено во однос на принципите на ефикасност, економичност и одговорност како и отчетност за парите од граѓаните.

Фиљана Кока