Македонија

Денес и утре портокалова фаза низ цела држава

18.08.2022 13:30

Метеоролозите за денес и утре најавуваат многу високи температури на територијата на целата држава. Прогласена е портокалова фаза. Издадени се и препораки за ослободување од работа на најранливите категории граѓани. Од лекарите апел-да не се излегува на отворено во критичниот период и да се внесува повеќе течност, хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија. Тимови на Црвениот крст на терен…

Скопје како во котел, врие асфалтот на 40 степени. Целата држава е во портокалова алармантна фаза. Топлотниот бран ги испразни улиците во главниот град. Спас од горештините, граѓаните најдоа под дебелите сенки во парковите, иако надлежните препорачаа од 11 до 17 часот да не се изглегува надвор. На едни не им пречи топлото време, други велат обврските мора да се завршат.

На скопските улици ги забележавме мобилните екипи на Црвениот крст. На најфреквентните места во градот делеа вода, а на минувачите кои имаа тешкотија од жештините им мереа крвен притисок.

Најтопло на југот од земјава. Горештините ќе попуштат од петок вечерта. УХМР најави невреме, дожд и пониски температури.

Согласно со препораките, додека трае портокаловата алармантна фаза од работа се ослободени хронично болните и бремените жени.

Лекарите со препорака до граѓаните, да носат лесна и светла облека, да внесуваат повеќе течности и витамини да одбегнуваат мрсна храна. Особено внимателни да бидат хронично болните.

Викторија Милевска