Русковска сѐ уште ја пишува жалбата, не открива кога ќе ја поднесе до Советот на јавни обвинители
Обвинителката Вилма Русковска сѐ уште ја пишува жалбата по одлуката да биде суспендирана од функцијата. Ова го потврди во куса изјава за МТВ. Засега нема да дава изјави за медиумите. Во меѓувреме од Советот за јавни обвинители велат дека по приемот на жалбата ќе одржат седница во рок од осум дена на која ќе донесат одлука. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски за МТВ појаснува дека на состанокот нема да присуствува обвинителката, а советот ќе одлучува само во делот за оддалечувањето од работа...

Обвинителката Вилма Русковска сѐ уште ја пишува жалбата, откако беше суспспендирана од функцијата. Ова го потврди во куса изјава за МТВ. Не открива кога ќе ја поднесе до Советот на јавни обвинители, но вели изјава ќе даде откако постапката ќе заврши. Во меѓувреме од Советот за јавни обвинители велат дека откако ќе ја добијат жалбата, ќе закажат седница во рок од осум дена и ќе донесат одлука.
Претседателот на Советот, Антонио Јолевски за јавниот сервис појаснува дека на состанокот нема да присуствува обвинителката, а Советот ќе одлучува само за суспензијата.
Претходно, републичкиот обвинител Јовески поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца обвинители поради сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка, а истовремено донесе решение за суспензија на Русковска.
Додека случувањата не добијат разрешница, замена на Русковска ќе биде нејзината колешка Лиле Стефанова.
Анита Димитријевска Велковска
