Прва средба Курти- Вучиќ, најавени средби со европската страна
Во зградата на ЕУ каде што се одржува дијалогот пристигна и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Американската страна не учествува во дијалогот, но САД целосно ги поддржуваат напорите на ЕУ во процесот на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Во Брисел заврши првата рунда од таканаречената трилатерална средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ со претставници на Европската унија како дел од дијалогот на највисоко политичко ниво. Се очекуваат одвоени билатерални средби меѓу лидерите на Косово и Србија со европската страна.
Во зградата на ЕУ каде што се одржува дијалогот пристигна и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Американската страна не учествува во дијалогот, но САД целосно ги поддржуваат напорите на ЕУ во процесот на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
Според високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел време е да се оди напред кон целосна нормализација на односите.
