Главна награда за „Влакна“ за кусометражен филм во Хјустон

16.04.2014 16:46

Краткиот филм „Влакна“ ја доби наградата „Gold Remi“ во категоријата краток трилер-мистерија на 47-то издание на фестивалот „Ворлдфест Хјустон“ во Хјустон, Тексас во САД.

Станува збор за награда на третиот по ред најстар филмски фестивал во САД на кој секоја година се пријавуваат повеќе илјади филмови, а се селектираат околу 120 во официјална конкуренција. Режисерката и сценаристка на филмот, Елеонора Венинова изјави:

„Уште кога пред еден месец нè информираа дека сме во официјална конкурценија на фестивалот, се израдувавме исто како да сме добиле награда затоа што тоа е еден од најголемите и најстари фестивали во САД. Но, сега кога навистина имаме награда, секако дека задоволството е уште поголемо затоа што работата на филм со таков мал буџет, ограничени ресурси, а големи продукциски зафати, бараше дополнителни напори од актерите, членовите на екипата и волонтерите, кои несебично се вложија себеси и затоа оваа награда им припаѓа на сите нив“.

Учеството на фестивалот во Хјустон за „Влакна“ беше интернационална премиера, по неговото прикажување на фестивалите „Браќа Манаки“ и „Синедејс“ во Македонија. „Влакна“ минатиот викенд беше прикажан и на фестивалот „Норт Холивуд Синефест“ во Лос Анџелес, Калифорнија.

Краткометражниот „Влакна“ е трилер – приказна за детективка која истражува убиство на мало девојче со влакно како клучен доказ.

„Влакна“ е поддржан од Филмскиот фонд на Република Македонија.