Кошаркарско првенство на Македонија (жени), плеј-оф, финале

Титулата за Бадел 1862

16.04.2014 16:52

Екипата на Бадел 1862 е нов женски кошаркарски првак на Македонија. Порано познат како Вигор Скопје, Бадел без пораз ја заврши целата домашна првенствена сезона, откако со максимални 3-0 ја доби финалната серија од плеј-офот против бранителот на титулата Работнички, којшто до неодамна го носеше името Кросиг.

Откако пред неколку дена како домаќин славеше со 91-58, во вториот натпревар од серијата Бадел 1862 денеска се радуваше на теренот на противникот со 60-47. Претходно, поради подобриот меѓусебен биланс во лигашкиот дел, Бадел влезе во серијата со почетно водство од 1-0.

Репрезентативката Анџелика Митрашиновиќ го понесе признанието за МВП на финалето.