Борел: Не постигнавме договор, но тоа не е крајот на приказната
САД целосно ги поддржуваат напорите на ЕУ во процесот на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Според високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, време е да се оди напред кон целосна нормализација на односите...

Во Брисел заврши првата рунда преговори меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ со претставници на Европската унија како дел од дијалогот на највисоко политичко ниво. Не е постигнат компромис по ниедно прашање. Вучиќ за в недела, од Брисел закажа итна средба со Србите од Косово, а ќе се одржи во Белград. На средбата се поканети сите политички и институционални претставници на Србите на Косово. САД целосно ги поддржуваат напорите на ЕУ во процесот на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Според високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, време е да се оди напред кон целосна нормализација на односите.
„За жал и денес не постигнавме договор, но тоа не е крајот на приказната. Двајцата лидери се согласија дека процесот треба да продолжи и дискусијата ќе продолжи во наредните денови. Има уште време до 1-ви септември. Не се откажувам. Треба да продолжиме да разговараме. Процесот ќе продолжи. Ова не е момент за зголемување на тензиите. Време е да се бараат решенија и да се решат долго отворените прашања“, изјави Жозеп Борел, шеф за надворешна политика на ЕУ.
