Зеленски: Разговори со Москва се можни само по повлекувањето на руските сили од украинска територија
Гутереш повика на итна демилитаризација на зоната околу нуклеарната централа Запорожје, но Русија го отфрли неговиот предлог како неприфатлив.

177-ми ден од војната во Украина. Продолжуваат борбите во Доњецк, Харков и во Херсон. Украинскиот претседател Зеленски по средбата со турскиот колега Ердоган и со генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш, изјави дека разговори со Москва се можни само по повлекувањето на руските сили од украинска територија.
Гутереш повика на итна демилитаризација на зоната околу нуклеарната централа Запорожје, но Русија го отфрли неговиот предлог како неприфатлив.
И турскиот претседател Ердоган по трилатералната средба истакна – никој не би сакал да доживееме нов Чернобил.
Генералниот секретар на обединетите нации денеска во посета на Одеса, а потоа заминува за Турција. Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски соопшти дека тој и Гутереш се договориле за параметрите на можната мисија на меѓународната агенција за атомска енергија во Запорожје.
