Локални избори

Трета среќа за градоначалник на Маврово-Ростуше, тетовци утре ќе гласаат за составот на општинскиот совет

19.08.2022 10:38

Тетовци утре ќе гласаат за составот на општинскиот совет. Денеска предизборен молк. Во трка 13 советнички листи, две независни. Сабота изборен ден и во Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Таму ќе се бираат градоначалници…

За помалку од една година, тетовци утре вторпат ќе гласаат за составот на општинскиот совет. Кампањата за вонредните избори заврши, денеска е предизборен молк.

Претходниот состав на советот беше распуштен поради неизгласан завршен буџет. Сега во трка се 13 советнички листи, од кои две се независни.

Освен во Тетово, сабота ќе биде неработен и изборен ден и во Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Таму ќе се бираат градоначалници.

Ова ќе биде трет обид за трка, откако претходно немаше потребен цензус на излезени гласачи. За градоначалничката фотелја во Маврово-Ростуше претендираат двајца кандидати, а во Центар Жупа има само еден кандидат.