Русковска ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители
Од Советот за јавни обвинители за МТВ велат дека откако ќе ја добијат жалбата, ќе закажат седница во рок од осум дена и ќе донесат одлука. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски појаснува дека на состанокот нема да присуствува обвинителката, а Советот ќе одлучува само за суспензијата.

Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Како што пренесоа повеќе медиуми, Русковска денеска напладне ќе поднесе жалба на решението за нејзина суспензија, по што ќе даде изјава.
Од Советот за јавни обвинители за МТВ велат дека откако ќе ја добијат жалбата, ќе закажат седница во рок од осум дена и ќе донесат одлука. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски појаснува дека на состанокот нема да присуствува обвинителката, а Советот ќе одлучува само за суспензијата.
Претходно, републичкиот обвинител Јовески поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца обвинители поради сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка, а истовремено донесе решение за суспензија на Русковска.
Додека случувањата не добијат разрешница, замена на Русковска ќе биде нејзината колешка Лиле Стефанова.
