Руски медиуми: Неуспех на воената операција на истокот на Украина

16.04.2014 17:04

Во Краматорск војниците од воените транспортери преминале на страната на проруските демонстранти...

Руските медиуми соопштуваат за неуспех на воената операција на истокот на Украина. Во Краматорск војниците од воените транспортери преминале на страната на проруските демонстранти. Заземени се и тенковите во Славјанск и Донецк. Пратеници на десничарската Слобода тврдат дека војската водела герилска војна. НАТО повторно апелира до Русија да не ја ескалира ситуацијата.

Договоривме дополнителен пакет воени мерки за одбрана и демонстрација на солидарност – повеќе авиони, бродови и војска, рече Андерс фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.

Украинските сили во Краматорск ги блокираше толпа цивили. Договорени се преговори за три дена.