Брисел
Нема напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина
19.08.2022 11:14
Без напредок заврши втората рунда преговори меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел...

Без напредок заврши втората рунда преговори меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел. Ова е првпат тие да се сретнат два пати во ист ден во рамките на дијалогот.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека не е постигнат договор во дијалогот меѓу лидерите на Србија и Косово, Албин Курти и Александар Вучиќ, на 18 август во Брисел, но оти двајцата лидери се договориле да ги продолжат разговорите во наредните денови.
