Бугарија

Повредените во автобуската несреќа ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот останува во притвор

19.08.2022 11:36

Пациентите кои ќе бидат транспортирани се во подобрена општа состојба. Организирано е тие да бидат преземени од српски медицински тимови по преминувањето на границата.

Повредените од несреќата со српски автобус во Бугарија на автопатот Тракија, денеска со две екипи на Центарот за итна медицинска помош од Стара Загора ќе бидат пренесени до граничниот премин Калотина.

Пациентите кои ќе бидат транспортирани се во подобрена општа состојба. Организирано е тие да бидат преземени од српски медицински тимови по преминувањето на границата.

Во притвор останува возачот на автобусот што излета од патот. Во несреќата беа повредени 12 деца на возраст од шест до 16 години и 40-годишен маж, а тешка телесна повреда има и 42-годишен маж.