Свет

Најмалку 13 загинати во силно невреме низ Европа

19.08.2022 11:43

Силно невреме и во Франција. Шест лица загинаа на Корзика каде што ветрот дувал со брзина и до 200 километри на час.

Најмалку 13 лица загинаа во силно невреме во Европа. Две деца загинаа во Австрија, а десетина лица се повредени, од кои некои потешко.

Силно невреме и во Франција. Шест лица загинаа на Корзика каде што ветрот дувал со брзина и до 200 километри на час.

Невреме и во Италија. Две лица загинаа во невремето во Тоскана.

Во Љубљана силен ветер кој дуваше на 100 километри на час. Однесени се неколку покриви и паднаа многу дрвја низ градот, а има и полесно повредени.