Македонија

Русковска: Ова не е моја суспензија, туку на правото и правдата

19.08.2022 12:45

Целосно отфрлајќи ги наводите на државниот обвинител Јовески, Русковска изјави дека неговата одлука не е суспензија за Русковска туку за правото во државата. Од Советот велат дека седница ќе одржат во рок од осум дена и ќе донесат одлука по жалбата...

Вилма Русковска до Советот на јавни обвинители ја поднесе жалбата на одлуката на државниот обвинител Јовески за нејзината суспензија. Целосно отфрлајќи ги наводите на државниот обвинител Јовески, Русковска изјави дека неговата одлука не е суспензија за Русковска туку за правото во државата. Од Советот велат дека седница ќе одржат во рок од осум дена и ќе донесат одлука по жалбата.

„Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, ова го сметам за суспензија на правото и суспендирање на правдата. Без разлика што имаше соопштение дека предметите ќе продолжат со несмален интензитет, после ова мене што ми се случи, не верувам дека кој било колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите“, изјави Русковска.

Русковска нагласува-кривична пријава е кривична пријава. Без разлика дали е од институција или не, по неа треба да се постапи.