Новите возила и опремата- клучни за успехот на интервенциите на брзата помош
И покрај професионалноста, модерните возила и софистицираната опрема, од итната медицинска служба велат нивната ефикасност најмногу зависи од сите учесници во сообраќајот...

Од промената на времето најмногу страдаат хронично болните. Дождливото време го зголеми број на повици. Екипите на итната медицинска помош дневно интервенираат кај 130 пациенти. Навреме стигнуваат со новите возила. Лекарите велат- опремата е клучна за успешност на интервенциите.
„При интервенции на пример во комбињата немаше дефибрилатори, аспиратори немаше, имаше шини, сега има мобилизатори за полесна мобилизација при фрактури, скршеници при сообраќајќи, исто така во секое комбе има торба во којашто има материјал за брза интервенција...“, вели Исабела Слезенковска- доктор во итната медицинска помош.
Со новите возила може да се изврши транспорт на пациенти на подолго растојание. З0 пациенти се пренесени во Германија, Австрија, Полска, Италија и Турција.
„Внатрешноста на возилото е ергономска што значи дека нема остри агли и целата опрема има сигурносни ремени. Во однос на суспменицијата таа е помека и одговара на европските стандарди за удобност на пациентот“, изјави Маја Поповска, раководител на итната медицинска помош.
Модерните возила имаат и добра видлива светлосна и звучна сигнализација.
И покрај професионалноста, модерните возила и софистицираната опрема, од итната медицинска служба велат нивната ефикасност најмногу зависи од сите учесници во сообраќајот.
Андријана Атанасовска
